202 санкционирани возачи во Скопје, 46 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола,16 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.  

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, 11 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, три мерки за возење под дејство на алкохол, пет за нерегистрирани возила, 73 за непрописно паркирање...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.