20 нови згради ќе се градат во Кисела Вода - жителите реагираат

Три  детални урбанистички планови ќе се носат за населбата Кисела Вода. Според граѓаните ќе се градат околу 20-тина станбени згради.

Жителите се жалат дека и сега  имаат проблем со паркинг местата, а ситуацијата ќе биде уште полоша откако ќе никнат нови згради. Таков е случајот со објектот на стара Славија, кој со години е маркет. Тој треба да се сруши за да се изгради седумкатница.

Слична е ситуацијата и на само 50-тина метри оттука.

Градоначалникот тврди дека нема да бидат 20, туку 4 нови згради. Бил свесен за проблемот со паркингот во општината. Меѓутоа, останува на ставот дека  постојат стари ДУП-ови според кои општинарите мора да се водат.

За утре во општината најавени се јавни расправи каде граѓаните ќе можат да ги посочат потенцијалните проблеми кои би се јавиле доколку и на овие локации никнат нови згради. Граѓаните реагирааи и за  ДУП во населбата Расадник кој предвидува изградба на околу 100 објекти.