20-годишно момче со тешки повреди донесено во болница, со нож го боделе во влез во зграда

Денес после полноќ во 00.10 часот во  полициска станица од страна на болницата „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки повреди бил донесен 20-годишниот Ј.П. од Скопје.

„Според пријавеното, со повредите се здобил во зграда на подрачјето на општина Аеродром, каде бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и остар предмет. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, велат во МВР.