20-годишник насилно ограбен на паркинг - останал без ќесите со храна кои претходно си ги купил

20-годишник од Карбинци пријавил дека бил ограбен на паркинг простор.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 21:57 часот во СВР Штип, Б.С.(20) од село Карбинци пријавил дека во 21:30 часот на паркинг простор во Штип, едно лице физички го нападнало и му ги одзело прехранбените производи од возилото, кои претходно си ги купил.

 За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот.