2 CELLOS во Скопје - спектакл од светско ниво за кој не смеете да дозволите друг да ви раскажува!

Во рамки на последната светска турнеја, насловена како и нивниот последен албум "Score", популарното дуо ќе настапи во Скопје на 19ти октомври годинава, во ВИП Арена.

2 CELLOS за прв пат доаѓаат во Македонија со големо продукциско арена шоу, какво што во изминативе неколку години го имаат во сите големи арени низ целиот свет.

Лука Шулиќ и Стјепан Хаусер во изминативе неколку години со својата брилијантна работа успеаа нешто што е навистина реткост во музичкиот бизнис- да се успешни и нивните концерти да се распродадени на сите континенти, и тоа во сите големи светски сали, што до нивното појавување беше незамисливо за една кросовер музичка атракција.