196 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.10.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 25 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возач почетник, 10 санкции за нерегистрирани и технички неисправни возила...

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.