192 санкционирани возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 192 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 37 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 20 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум за непрописно престројување, шест за некористење сигурносен појас, 64 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.