
Синоќа во 21:50 часот на улицата „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ц.(19) од Тетово поради основано сомнение дека извршил кражба во маркет.
Како што се наведува во полицискиот билтен, претходно вработена во маркет пријавила дека две лица во два наврати одзеле алкохолни пијалаци од рафтовите и побегнале.
По преземени мерки тој е пронајден, лишен од слобода и задржан во полициска станица.
По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.