19-годишен скопјанец тешко повреден во сообраќајка на раскрсница на скопски булевар

19-годишник е тешко повреден откако со мотоцикл се судрил со возило „бмв“ на скопска раскрсница. 

- На 11.03.2026 околу 18:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булевар „Борис Трајковски“ и ул.„Трајко Иванов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.В.(27) од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.