19-годишен мотоциклист е тешко повреден, се забил во метален столб

19-годишник од Куманово е тешко повреден откако со мопед забил во метален столб. 

- На 20.04.2026 околу 01:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосницата од ул.„Моша Пијаде“, плоштад „Маршал Тито“ и ул.„Иво Лола Рибар“ во Куманово, Х.З.(19) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од коловозот и удрил во метален столб. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Куманово, известија од полицијата во дневниот билтен. 

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.