19 години затвор за обвинетата за убиството на Пино

Ангела Ѓорѓиевска која беше обвинета за убиството на 26 годишниот Пинета Секондо - Пино, судот ја прогласи за виновна и ја осуди на затворска казна од 19 години.

Според пресудата, таа помогнала во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.

извор -сител.мк