18 санкции за возење без дозвола во Скопје за едно деноноќие

Во рамки на засилените соообраќајни контроли на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18 санкции, информираа денеска од МВР.

 Осум санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, три мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за неприписно престројување на возила, 30 за непрописно паркирање, се наведува во соопштението.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.