18-годишник каснат од бездомно куче во двор на училиште

Млад велешанец бил каснат од бездомно куче во двор на училиште во Велес. 

- На 11.02.2025 во 17.10 часот во Полициската станица Велес, Н.Н.(18) од Велес пријавил дека во двор од средното општинско училиште „Кочо Рацин“ во Велес бил каснат од куче, стои во денешниот полициски билтен.