18-годишна девојка нападната и прободена пред дискотека во Карпош

18-годишна девојка прободена пред дискотека во скопски Карпош.

Како што се наведува во полицискиот билтен, синоќа во 20:00 часот во СВР Скопје, 18-годишната Т.Р. од Скопје пријавила дека околу 03:00 часот пред дискотека на подрачјето на Карпош во Скопје била физички нападната од едно лице, кој употребил остар предмет и ѝ нанел повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.