17 начини да се сакате себеси повеќе во 2021

Има ли нешто поубаво од тоа да се сакаме себеси? Тоа е основата на позитивната енергија, на нашиот однос со другите и генерално, на нашата љубов кон светот.

Но, како да се сакаме себеси?

  • Одете на спиење со сите нешта за кои сте благодарни.
  • Побарајте помош кога ви е потребно тоа и не се чувствувајте засрамено.
  • Кажете им на другите кога ќе ве повредат. Тоа не мора да биде викање, туку едноставно покажување дека ви нанеле болка.
  • Прифатете ги комплиментите кога ќе ви кажат дека изгледате добро.
  • Слушајте музика која ве наежува.
  • Бидете околу луѓе кои прават да се смеете гласно,  и без престан.
  • Внесете енергија во пријателствата со луѓето кои ви даваат колку што им давате ним.
  • Простете им на другите, дури и кога нема да ви се извинат. Не поради нив, туку заради себе.
  • Не се чувствувајте лошо за малите паузи кои ги имате во текот на денот. Дури и да се мали, тие се ваше бегство од реалноста.
  • Пишувајте. За вашата среќа, стравови, соништа.
  • Правете добри и фини нешта за луѓето кои ви значат.
  • Правете добри и фини нешта за оние кои не ги знаете.
  • Спијте доволно, затоа што тоа ви дава енергија за нештата кои сакате да ги правите.
  • Читајте книги кои ве исполнуваат.
  • Бидете свои. Не се извинувајте за тоа какви сте.
  • Кажете „благодарам“ за најмалите нешта кои другите ги прават за вас.
  • Уживајте во секој ден, во секој мал момент од денот.