17-годишен пешак прегазен на скопски булевар вчера попладне

Тешко повредено е младо момче прегазено на еден скопски булевар. 

Вчера во 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 61-годишниот Р.Р.  од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од селото Страчинци, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.