164 санкционирани возачи во Скопје - 45 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи, секојдневно врши сообраќајни контроли. 

Само во Скопје, при вчерашната контрола (03.10.2022), изречени биле вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз, 11 мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла).

Од МВР со апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, со цел поголема безбедност во сообраќајот за сите.