16 годишен штитеник од Јавна установа за згрижување на деца во Карпош, се оддалечил од установата.
Случајот е пријавен вчера (18.09.22), во 08.45 часот, во Полициската станица Карпош. Се работи за штитеник од Делчево, кој и претходнп се оддалечувал од установата и бил враќан назад.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.