150 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден, во Скопје, изрече вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, осум санкции за нерегистрирани возила, четири за технички неисправни возила во јавниот превоз, три санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Засилените акциски контроли ќе продолжат, информираа од МВР.