15-годишник прободел ученик во скопско училиште - МВР со детали

Уште еден инцидент меѓу малолетници ја потресе македонската јавност. 

Министерството за внатрешни работи информира дека е уапсен 15-годишник откако со остар предмет нападнал ученик во основно училиште во општина Гази Баба во Скопје.

Според информациите инцидентот се случи во ООУ „25 Мај“ во населбата Ченто.

„На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Неофицијално, повреденото дете е пренесено во болница.