15-годишник од беровско ќе одговара кривично, бидејќи ја натепал баба си

15-годишник од беровско доби кривична пријава затоа што физички ја нападнал својата баба.

Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 15-годишник од беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.

На 19 август, тој физички ја нападнал неговата баба.