15-годишник на социјалните мрежи објавил експлицитни фотографии од малолетна скопјанка

Вчера во СВР Скопје 36-годишна жена пријавила дека 15-годишен малолетник, кој од претходно се познавал со нејзината малолетна ќерка, објавил слики со експлицитна содржина на социјални мрежи од нејзината ќерка, се наведува во полицискиот билтен.

Со малолетникот бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител и адвокат.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.