149 санкционирани возачи во Скопје, 47 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (18.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се три мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 47 за непрописно паркирање...

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.