14 животни лекции кои често ги забораваме: Мислењето на другите не треба да биде кројач на вашата судбина

Нашиот строг, немилосрден, но праведен и мудар учител е нашиот живот. Кога чекориме на патотот на животот се соочуваме со многу препреки, бараме решенија, учиме од искуствата и одново се развиваме. Меѓутоа, многу лекции кои се важни лесно ги забораваме и ги оставаме на страна кога ни се најпотребни.

Овие 14 важни лекции на кои животот нѐ научил, вреди да се запомнат и да се зачуваат.

  1. Секоја грешка не учи на нешто. Згрешивте – сфативте дека тоа не е вашиот пат. Грешката можеби не носи радост, но не е вредна за очајување, затоа што носи повеќе јаснотија и знаење.
  2. Неуспехот е исто така резултат. Негативниот резултат е подобар од незнаење и живеење во комфорна зона. Ова е точка кога се враќате на нула и продолжувате понатаму.
  3. Во која било фаза од некоја ситуација имате избор. Секогаш имате избор да ги смените работите кои не ви одговараат. Тоа е дар кој ни е дарен и се вика слобода.
  4. Важни се акциите. Делата се најважни, затоа што акциите кои треба да ги преземете ја менуваат реалноста. Понекогаш е тешко да се направи првиот чекор, но секој чекор е скапоцен и може да ве однесе во вистинскиот правец.
  5. Очекувањата може да ве доведат до разочарувања. Наместо да имате очекувања од другите, имајте ги од себе, но нека не бидат превисоки. Планирајте, но истовремено движете се по текот на животот.
  6. Само вие можете да го менувате својот живот. Можноста, способноста да влијаете на себе и на својот живот, и да управувате со она што вам ви е навистина неопходно.
  7. Прво размислете, а подоцна реагирајте. Вашите мисли и вашите акции нека бидат синхронизирани. Вежбајте трпение.
  8. Не можете да го одложите животот за подоцна. Не знаете што ве чека утре, но точно знаете што е важно денес. На ова вреди да се фокусирате.
  9. Мислењето на другите не треба да е кројач на вашиот живот. Развивајте се во согласност со своите цели и соништа, не дозволувајте другите луѓе да ве саботираат со нивното мислење.
  10. Мора да се задоволите себе си за да можете да им помогнете на другите. Подобро е почесто да се прашувате дали тоа ви е навистина важно, дали сте среќни.
  11. Да бидеш совршен не е исто и да бидеш среќен. Кому му треба вашето совршенство и исправност? Наместо да се оптеретувате, подобро фокусирајте се на тоа што ве прави среќни.
  12. Најважните и најнеопходните работи направете ги сега. Повеќе го немате своето вчера. Вашето утре уште не е дојдено, а нема ни гаранција дека ќе дојде. Но она што навистина го имате е денес – искористете го.
  13. Не е важна само целта, веќе и самиот пат до неа. Невозможно е да се живее животот само во трчање и во брзање кон целта. Животот е пат. Овој пат вреди да се помине со интересирање, со радост, согледувајќи ја смислата и уживајќи во задоволството на секој чекор. 
  14. Силниот и мудар човек знае како да прифати и да остави. Прифатете го животот со сите негови турбуленции, искачувања и падови. Исто така, бидете свесни кога треба нешто да пуштите и да оставите за да бидете посреќни.