131 санкции во Скопје за сообраќани прекршоци за едно деноноќие

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (25.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила.

Изречени се две мерки за возач почетник, 10 санкции за зборување на мобилен телефон, три мерки за некористење на сигурносен појас, седум санкции за минување на затворен сигнал црвено светло. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потсетуваат од МВР.