127 санкционирани возачи во Скопје: 14 за користење мобилен телефон при возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (07.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 127 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон при возење 14 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.  

Изречени се три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три мерки за возење под дејство на алкохол...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потестуваат од МВР.