
На температури кои се искачуваат до 42 степени целзиусови единственото кон кое „оди паметот“ е базен и леден пијалак. Во Скопје „се топи“ асфалтот, а секој кој има можност бара начин како да се разлади барем на некој час.
За оние кои мора да функционираат во Скопје, градот нуди неколку локации за летна забава во слободното време. Иако и годинава скопскиот Аквапарк кај Спортскиот центар „Јане Сандански“ е затворен, има неколку базени каде може да се разладите. Ценитите за влез се различни.
Околу 300 до 400 денари се наплаѓа влез на базените низ Скопје, додека за оние полуксузните во околината треба да бркнете подлабоко во џебот.
Дел од жителите реагираат дека ден на базен испаѓа скапо, со оглед дека таму пијалоците и храната се поскапи, па така велат дека за едно семејство треба да се издвои и над 3.000 денари за еден ден или едно поплладне.
Во околината, на неколку километри од центарот Скопје, има комлекси со базени, каде исто така може да поминете совршен летен ден. Петровец, Кучково, Катланово, Драчево, Трубарево, во склоп на хотелските комплекси, вили, ресторани... Во дел од нив цените за влез се повисоки, како и храната и пијалоците, со оглед дека станува збор за луксузни места.
- Преубаво е во базени од ваков тип, средено, чисто, водата топла и чиста, услугата на ниво, но цените се движат и по 1.200 денари за влез за едно лице, без конзумација...споделува една млада скопјанка.
Во дел од овие базени често се организираат и тематски забави, популарните пена парти, како и забави со познати музички ѕвезди и диџеи.