12 работи кои треба да бидат апсолутни правила при модерното додворување!

Навистина е многу тешко човек да развие врска во денешно време, особено откако социјалните мрежи и интернетот станаа огромен дел од нашиот живот. И покрај тоа што не сакаме да си признаеме, денешното додворување и состанување се сосема изменети и сите играат по сосема нови правила.

Кога веќе зборуваме за правила, веруваме дека и овие 12 работи треба да станат цврсти правила кога се работи за состанувањето.

1. Не пишувајте пораки почесто отколку што се гледате.

Вашата врска треба да постои во реален живот, а не преку малечки сликички на екран.

2. Престанете да ги земате луѓето здраво за готово.

Не постојат толку многу „риби во морето“. Бројот на луѓе со кои всушност би можеле да имате среќна, стабилна и долга врска е навистина мал. Вашиот круг е многу помал отколку што мислите. Тоа не значи дека тие не постојат, луѓето секој ден се наоѓаат едни со други. Тоа значи дека треба да ги цените повеќе и повеќе да се трудите околу вашите врски.

3. Престанете да претпоставувате дека засекогаш морате да се врзете.

Стапувањето подоцна во брак не значи дека е подобро самото по себе. Тоа си доаѓа со свој товар и предизвици како на пример фактот дека двајца поединци треба да ги соединат своите животи откако поминале години развивајќи го својот идентитет како поединци. Кога двајца стапуваат во брак помлади, толку е поголем потенцијалот да растат заедно и да се приспособуваат едни на други. Поентата е: Не чекајте, затоа што мислите дека морате да чекате.

4. „Зборување“ не е љубовен статус.

Третирајќи го зборувањето како љубовен статус само придонесува луѓето полесно да бегаат од реално врзување и посветување и прави луѓето да се нервираат за нивните „речиси врски“.

5. Викајте ги луѓето на состаноци, а не на „дружба“.

Излезете на вечера. Отидете во кино. Танцувајте заедно. Бидете љубезни. Третирајте ги луѓето за кои сте заинтересирани со вистинска, старомодна почит. Тоа прави чуда.

6. Расчистете на што сте пред да го промените вашиот љубовен статус на Фејсбук.

Не може да ги прашувате луѓето да бидат во врска со вас со тоа што ќе им испратите понуда за пријателство на Фејсбук. Не се расправајте јавно на вашите објави. И во име на здравиот разум, не ги манијачете нивните бивши на Фејсбук.

7. Престанете да им верувате на зборовите наместо на делата. Престанете да им верувате на знаците наместо на реалноста.

Луѓето постојано мислат дека ги пронашле своите сродни души, но тоа не значи дека работите секогаш успеваат. Ако некој не е со вас, значи не сака да биде. Љубовта секој ден го преживува невозможното. И секој можен изговор да не се биде во врска се сведува на истата работа: тие не ве сакаат доволно.

8. Кажете што сакате од врската и мислете го тоа, дури и ако мислите дека полесно е да кажете: „Сакам нешто лабаво, па ќе видиме што ќе се случи“.

Ако тоа не е нешто што го мислите, тогаш ќе привлекувате погрешен тип на луѓе.

9. Почитувајте ги другите луѓе кога ќе ви кажат што сакаат и очекуваат од една врска.

Ако ви кажат дека не сакаат да се врзуваат, дури и ако делуваат дека заљубени во вас, тогаш тие навистина не сакаат да се врзуваат, освен ако не ви кажат дека се премислиле.

10. Луѓето навистина внимаваат на кого лајкувате слики

Особено ако лајкувате слики на луѓе за кои сте кажале дека се привлечни, слики на поранешни партнери, итн. Исто така и постирањето слика од вас и од личноста со која сте во во врска има определено значење кое не може да се игнорира и луѓето го забележуваат и тоа.

11. Оставете го телефонот додека сте на состанок

Нема нешто поневкусно и поневоспитано од тоа, затоа што доколку зјапате во телефонот укажувате на тоа дека поинтересни ви се смешките и досетките на Фејсбук отколку личноста којашто е со вас.

12. Ако сакате да знаете дали ви се допаѓа некој или не, прашајте се себеси: Ако со таа личност заглавите на пуст остров и не постојат социјални мрежи, дали се уште би сакале секој ден да бидете со нив?

Ако одговорот е НЕ, шансите се дека вие сакате само сигурност и безбедност и желба да бидете во брак. Запаметете дека она што го чувствувате за вашиот живот е она што го чувствувате додека го живеете, а не она во кое зјапате преку екранот.