115 санкционирани возачи во Скопје

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, информираат од МВР, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за користење мобилен телефон…

Засилените акциски контроли продолжуваат.