11 „срамни“ ситници во сексот за кои мажите немаат појма

Жените неретко се оптоварени со тоа каков впечаток ќе остават за време на првиот секс со новиот партнер, но – сосема непотребно. Според одговорите на некои женски испитанички, ова се за нив  најсрамните ситуации во кои се нашле, а за кои пак, посилниот пол воопшто и не се замара и не ги приметува.

Дали ви е прв или деветти состанок

За разлика од жените, на мажите не им е гајле на колку состаноци мора да отидете пред првиот секс.

Носите ли „бапски“ гаќи

Во момент на таква возбуденост, партнерот сигурно нема да ги одбие вашите „бапски“ гаќички. И така наскоро ќе останете без нив.

Тоа што имате кондоми со вас

Ве загрижува што ќе мисли дечкото за вас затоа што во чантата носите кутија кондоми? Може едно да помисли, дека сте човек кој применува сигурен секс.

Дали тоа ќе му биде најдобариот секс во животот

Никој не сака лош секс, но кога прв пат спиете со некој, сосема е нормално ако тоа не е сексот на вашите животи.

Дали сте бричени

Бидете сигурни дека дечкото нема да примети ако имате некоие влакненце плус.

Како е средена собата

Тој нема ни да примети дали во собата се поставени романтични свеќи и дали свири секси музика. Сконцентриран е на вас.

Дали носите градник со полнење

Не грижете се. Никој нема да ви го соблече градникот и да извика „ааа измамен сумм!“ Со 100% сигурност.

Колку пози ќе смените за време на сексот

Не мора да се докажувате испробувајќи ја секоја поза на која ќе се сетите. Ако меѓу вас постои нешто повеќе, ќе имате време за експериментирање.

Дали сексот трае цела ноќ

Сексот треба да трае доволно долго за двајцата да постигнете оргазам.

Дали ви е потребен лубрикант

Не треба да ви биде незгодно ако за попријатен однос ви е потребен лубрикант. Тоа нема да ја намали вашата страственост и сензуалност.