11 наслови во трка за наградата „Роман на годината“ за 2025 година

Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2025 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата), во втората селекција одбра 11 романи што останаа во конкуренција за оваа престижна награда. 

На годинашниот конкурс пристигнаа дури 46 романи. Жири-комисијата во првата селекција одбра 22 наслова, а сега списокот го стесни на 11 романи.  Според пропозициите, насловот на наградениот роман и името на авторот ќе бидат соопштени на прес-конференција на 13 март што ќе се одржи во просториите на Друштвото на писателите на Македонија во Скопје. 

Наградата, чиј генерален покровител е Комерцијална банка АД Скопје, а исто така е поддржана и од Министерството за култура и туризам на Македонија, годинава се доделува 27-ми пат. Таа се состои од плакета, уникатна статуетка и паричен износ од 150.000 денари. Минатата година наградата ја доби романот „Светот што го избрав“ на Калина Малеска, во издание на издавачката куќа „Или – или“. 

Втора селекција на конкурсот за наградата „Роман на годината“ за 2025 година: 

1. „Александар јава на запад“, Венко Андоновски, „Три“;

2. „Тринаесеттиот“, Лидија Димковска, „Три“;

3. „Необјавен фељтон“, Владимир Илиевски, „Maкедоника литера“;

4. „Илина и тајните на Бабин заб“, Хана Корнети, „Или – или“ ;

5. „11 проверени начини како да ја заебеш љубовта: (роман во раскази)“, Драгана  Лукан Николоски, „Чудна шума“; 

6. „Зара Зарина“, Лилјана Пандева, „ПНВ публикации“;

7. „Кривата Дијана: (роман за верижната вина)“, Фросина Пармаковска, „Арс Либрис“;

8. „Фобос: деконструиран роман“, Соња Станковска, „Или – или“;

9. „Три Марии: (роман -басма), Оливера Ќорвезироска, „Арс Либрис“;

10. „Само уште еден скок“, Енис Хилми, „Светулка нова“;

11. „Повратник со две лица“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“.