Се смета дека ваквите датуми носат голема среќа.
Ноември е месец кога полека се подготвуваме за крајот на годината, го завршуваме започнатото и се подготвуваме за нови почетоци и нова фаза на животот. Во оваа смисла, се трудиме да завршиме некои работи, да ја финишираме годината, каква и да била и да замислиме желби за подобро утре.
Еден од најдобрите датуми за тоа е 11/11, познат и како датум на огледало.
Според нумеролозите, ова е особено поволен ден за трансформација. Некои од нас би можеле да се соочат со засилени емоции, а други со силна желба за трансформација и промена. Ова значи и ослободување од она што претставува товар и што не сакаме да го понесеме со себе во следната година.
Важно е да останете смирени и оптимистични. Најдете начин да се ослободите од грижите и да се опуштите, да си кажете дека сè ќе биде во ред. Ослободете се од негативната енергија и влејте си надеж дека ќе биде подобро.
Ова е ден за големи промени, искористете ја својата шанса!