105 нови случаи на Ковид-19 - од нив најмногу во Скопје

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се регистрирани 105 нови случаи на Ковид-19. 

Повторно, најмногу има во главниот град -78, потоа следи Битола – 9, Прилеп – 3, Куманово, Тетово, Кавадарци, Охрид, Струмица и Штип – по 2, Кичево, Берово и Кратово – по 1.

Направени се 735 тестови, а од вкупниот број на позитивни (105), регистрирани се 22 реинфекции.

Регистрирани сe и 49 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола, Прилеп, Кавадарци и Велес – по 3, Тетово – 2, Куманово, Охрид и Неготино - по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, не е регистрирано починато лице. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица, информира министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 2.168.892 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.880, бројот на оздравени пациенти е 332.855, на починати е 9.534 а бројот на активни случаи изнесува 491.