1000 евра и 200 евра прават 500 евра просек - едни на раат, други едвај преживуваат

Премиерот Димитар Ковачевски и со видео се пофали дека просечната плата во земјва стигна до 500 евра. -Малку кој веруваше дека ќе имаме просечна плата од 30.000 денари.

Во време на голема економска криза сфаќаме колку се значајни овие политики, порача тој деновиве, но граѓаните не се согласуваат со овој негов став.

Приходите се ништо во време на инфлација, реагираат повеќето граѓани.

Еве ги нивните ракции на ставот на премиерот Ковачевски кој се пофали со зголемен минималец и зголемена просечна плата:

-Како не ви е срам! Просечна плата? 80 % во држава со приход помал од 20 000 ... 300€ просек. А цени како да земаме сите по 2000€. -Со покачување на платите нè изложувате само на поголема инфлација.

-Ве молам, немојте, како Вашиот претходник, да се фалите со просечната плата, зашто не ја дава реалната слика за платите во државата. Пореално е да се прикажува просекот по сектори, а и да се прецизира за кој % од вкупно вработените се однесува. Инаку, на овој начин се создава само револт.

-Ако си ги покачат владините службеници уште двапати, ќе стигнеме до 1000 евра просек. Да го видиме просекот на минималните плати и пензии, тоа е таа ранлива категорија на која и треба помош во оваа криза, за да преживее.

-Или во превод,овие 500€ би дошле 250€ вредност во споредба од пред 7-8години.

-Малку кој веруваше дека цената на маслото од 58 денари ќе скокне на 148 денари.

-На оваа скапотија оваа бројка е минималец, а не просечна плата. Ова е тешка превара. Кажете колку е најчестата плата во Македонија? 1000 евра и 200 евра прават 500 евра просек, едни на раат, други едвај преживуваат.

-Ако цените во трговијата не се стопират колку и да качувате платите се џабе.