100 причини за среќа: Почнете веднаш да го живеете животот!

Изгледа дека човековото око е секогаш ненаситно, па се чини дека никогаш не сме потполно среќни и изгледаме како постојано да сме во некоја трка по среќата. И често се жалиме и сме несреќни, мислиме дека животот не ни е целосен.

Но, во тоа жалење и кукање, ние губиме скапоцени часови, минути и недели кои можеме да ги поминеме во уживање и насмевки. Денес ви подаруваме дневна доза позитива преку тоа што ви ги посочуваме 100-те причини за среќа и тоа токму во овој моменти, без оглед на тоа што ви се случува во животот.

Прочитајте кои се тие:

1 . Секој ден е нова прилика да го промените животот.
2. Овој ден е прилика да бидете подобри од вчера.
3. Можете да бидете тоа што сте и тоа баш во овој момент.
4. Чашата истовремено е секогаш и полу-празна и полу-полна.
5. Среќата произлегува од вашите дејства.
6. Имате добри пријатели.
7. Денес можете да научите нешто ново.
8. Наскоро ќе дојде сезоната на летни одмори. (За некого веќе е почната)
9. Живи сте.
10. Веќе сте комплетни личности.
11. Единствени сте.
12. Имате влијание на светот околу себе.
13. Можете да ги менувате работите околу себе.
14. Можете да се менувате себе.
15. Можете да ја промените својата перцепција.
16. Способни сте да чувствувате.
17. Можете да постигнете големи работи.
18. Можете да бидете креативни.
19. Со физичка активност може да ја промените состојбата на умот.
20. Можете да бидете одговорни.
21. Знаете дека вознемирувањто за нешто што сте направиле ви троши време што можете да го потрошите на нешто покорисно.
22. Секој ден носи нешто добро.
23. Можете да изедете нешто вкусно и да се почувствувате подобро.
24. Животот е убав
25. Ако со некого ја поделите тагата, тогаш таа се преполовува.
26. Ако со некого ја поделите среќата, тогаш таа се двојно се зголемува.
27. Можете да слушате музика.
28.Времето е убаво.
29. Денес можете да постигнете нешто.
30. Можете да се слушате себе.
31. Можете да уживате во изгрејсонцето.
32. Можете да уживате во зајдисонцето.
33. Можете да купите авионска или автобуска карта.
34. Можете да почнете да учите нов јазик.
35. Можете да почнете многу нови работи.
36. Можете да ја пронајдете љубовта на својот живот.
37. Можете да бидете љубезни и да им го разубавите денот на другите.
38. Можете да се смирите со некој со којшто сте биле скарани.
39. Можете да го направите тоа што веќе некое време сте сакале да го направите.
40. Можете некому да приредите изненадување.
41. Можете да направите нешто убаво за некого.
42. Можете да направите нешто убаво за себе.
43. Можете да им помогнете на другите.
44. Можете да уживате во времето кои си го посветувате себеси.
45. Можете да поправите нешто.
46. Можете да се ослободите од лошите навики.
47. Можете да се смеете.
48. Можете да ги насмеете другите луѓе.
49. Можете да си се смеете сами на себе.
50. Може да поправите нешто за другите.
51. Можете да бидете свои.
52. Можете да ја следите својата патека.
53. Можете да сакате.
54. Можете да ризикувате.
55. Можете да си приспомнувате.
56. Можете да сонувате.
57. Можете да подарувате.
58. Можете да ги промените своите уверувања.
59. Имате страст.
60. Имате време.
61. Викендот е пред вас.
62. Можете да донесете одлуки.
63. Имате многу работи.
64. Понекогаш навистина имате среќа.
65. Здрави сте.
66. Вие сте силна личност.
67. Денес можете да изгледате подобро.
68. Сигурно во вашиот живот има повеќе добри отколку лоши работи.
69. Имате смисла.
70. Можете да верувате.
71. Можете да идеализирате.
72. Можете да слушате.
73. Можете да гледате.
74. Можете да ги почувствувате мирисите.
75. Можете да вкусувате.
76. Можете да допрете некого или нешто.
77. Можете да почувствувате болка.
78. Можете да им се заблагодарите на луѓето.
79. Можете да ги доживеете најубавите моменти во животот.
80. Можете да плачете.
81. Вие сте во своите најдобри години.
82. Можете да танцувате.
83. Можете да престанете да се лутите.
84. Можете да слушате.
85. Можете некого да прегрнете.
86. Можете да направите список со сите работи кои ги посакувате.
87. Можете да се ослободите од љубомората.
88. Можете да испратите некому некаков подарок.
89. Можете да престанете да се грижите.
90. Можете денес да направите нешто посебно.
91. Можете да го прифатите тоа што не можете да го промените.
92. Можете да го промените тоа што можете да го промените.
93. Можете да се фатите во костец со тешка работа.
94. Можете да разговарате со непозната личност.
95. Можете да се подигрувате со животот.
96. Можете да се наспиете.
97. Можете да го расчистите нередот.
98. Можете да добиете инспирација.
99. Можете да не правите ништо.
100. Можете да го споделите овој список со своите пријатели.