10 знаци кои покажуваат дека партнерот ви е романтичен манипулатор

Дали некогаш сте наишле на романтичен манипулатор? Можеби токму сега сте во врска баш со таков тип на личност. Неговиот начин на однесување е таков што постојано сака да ве контролира, служејќи се со умствени игри и други методи кои му служат да се стекне со моќ. Истовремено е многу шармантен и тоа може дополнително да ве збуни и да ја искомплицира ситуацијата.

Секој од нас понекогаш се служи со некои ситни манипулации кога се чувствуваме загрозено или сакаме да се заштитиме. Романтичните манипулатори делуваат поинаку затоа што тие сакаат нешто да добијат од вас. За да го постигнат тоа ќе ве искористат за сопствени цели.

Емоционалните манипулатори ќе направат сѐ што е потребно да бидат во предност и да имаат поголема моќ во врската. Таквите врски се токсични и лоши, а дали имате работа со шармантен манипулатор може да препознаете по следниве знаци:

Романтичниот манипулатор секогаш глуми жртва

Вљубеноста и романтиката можат малку да си поиграат со вашите емоции. Меѓутоа, забележавте дека оваа личност е понервозна од останатите? Се чини дека во секоја ситуација се однесува како жртва и таа токсична нишка е прилично воочлива од почетокот.

Шармантните манипулатори  мислат дека целиот свет е против нив и дека тие не прават ништо лошо. Ова е важно предупредување дека нивното сеќавање на настаните не е точно. Нема да запре се додека не ви ја уништи самодовербата и не ве доведе до дното.

Вашата ранливост ја користи против вас

Ова не е тип на личност со која можете да бидете ранливи затоа што вашата ранливост ќе ја искористи против вас. Емоционалната манипулација функционира така што личноста тежи кон тоа да дознае интимни работи за вас и потоа да го користи тоа што го знае во сопствена корист. Затоа, бидете внимателни кому и што ќе кажете и споделите.

Ве наведува да почнете да размислувате дека нема да можете да живеете без него

Емоционалниот манипулатор ќе направи многу работи за вас, но тоа ќе го искористи против вас. На пример, ќе ве однесе на одмор, но нема да ви дозволи да заборавите колку го чинело тоа и дека тој платил.

Можеби тој сака и да готви и ќе изрази добра воља да готви вечера цела недела, но на крајот ќе ви приговара како само тој готвел а вие не сте мрднале со прстот да помогнете во кујната и не сте учествувале во трошоците. Сѐ што прави забележува во својот ментален бодовен картон и подоцна го употребува против вас.

Постојано ве критикува

Не е важно што вие правите за таа личност, зашто никогаш не е доволно. И постојано околу таа личност одите внимателно како по јајца затоа што никогаш ништо не е доволно добро. Се чувствувате како грдото пајче бидејќи вашиот партнер секогаш се прави супериорен. Овој манипулатор си поигрува со вас, а вие сте паднале во замка.

Постојат постојани несогласувања

Кога е во прашање љубовта, нашите емоции може да бидат многу хаотични, но во овој случај се чини дека сте поемотивни од вообичаено. Секогаш имате чувство дека меѓу вас постојат разни несогласувања затоа што вашиот партнер не ве разбира.

Патолошкото лажење е вообичаено за романтичниот манипулатор

Секој збор кој излегува од устата на манипулаторот треба да се процени затоа што тие имаат постојана навика за лажење. На некој начин ги држат вашите емоции во рака и не можете да му верувате на ниеден збор кој ќе го изговорат. Веројатно често сте лути на таа личност затоа што тие не можат да бидат искрени, што може да и наштетат на вашата врска.

Има песимистичка перспектива

Манипулаторот е негативна личност затоа што доминира низ призма на песимизам. Дури и во најдобрите ситуации изнаоѓа нешто лошо. Не може да биде среќна без разлика на ситуацијата.

Постои синдром gaslighting

Синдромот gaslighting подразбира манипулатор склон кон садомазохизам. Целта на личноста е да ги изврти и да ги измеша работите сѐ додека не почнете да се сомневате во сопствениот здрав разум. Некои луѓе одат толку далеку што се обидуваат својот партнер да го направат ментално нестабилен.

Романтичниот манипулатор користи псивно-агресивно однесување

Во таа личност барате љубов и сигурност, но таа секогаш покажува некаква агресија. Секогаш памтат нешто што сте направиле во минатото. Иако велат дека тоа го заборавиле, на секој еден збор знаат да ви нафрлат некој саркастичен коментар кој го докажува спротивното. За таквите личности е типично комплиментите да ги замаскираат со навреди за да ве збунат. На пример, може да кажат: „Мислам дека е многу слатко што си така незрела и детинеста“. Истовремено ви дава комплимент дека сте слатка, но и ви приговара дека сте детинеста.

Луѓето склони кон пасивно-агресивно однесување се борат со внатрешното уверување дека животот не е фер и дека имаат проблем со изразување на лутината. Не сакаат конфликти кој ги вклучуваат нивните чувства, па се служат со пасивно однесување за да го изнесат своето мислење.

Зборува во ваше име

Нарцисоидната личност сака да го контролира секој дел од вас. Сака да доминира со вашите емоции и да се препуштите во неговите раце. Нема да ви дозволи сами да нарачате во ресторан, ниту да донесете едноставни одлуки за сопствениот живот. Партнерот го контролира секој ваш аспект за да се чувствувате инфериорно во однос на него.