10 животни лекции од Софија Лорен: „Постои фонтана на младоста!“

Софија Лорен е пример за филмска легенда, симбол на убавина и грациозно стареење. Зад неа има успешна филмска кариера, но и богат живот кој ја научил многу. Таа пред некое време сподели 10 животни лекции кои за неа биле највредни!

Сексапилот се состои 50% од она што го имаш и 50% од она што луѓето мислат дека го имаш.

Мораш да уживаш во животот. Секогаш треба да се опкружиш со луѓе кои ти се допаѓаат, со кои можеш убаво да разговараш. Постојат толку многу позитивни работи за кои треба да разговараме.

Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица: Да ја оствари својата цел без да се свртат погледите.

По сите овие години, сѐ уште сум вклучена во процесот на самооткривање. Подобро е да го истражиш животот и притоа да правиш грешки, отколку цело време да одиш на сигурно. Грешките се дел од долговите кои личноста ги плаќа за да води богат живот.

Мајката секогаш треба двапати да мисли. Еднаш за себе, еднаш за своето дете.

Постои фонтаната на младоста. Тоа е твојот ум, твоите таленти, креативноста која ја внесуваш во твојот живот и животите на луѓето кои ги сакаш. Кога ќе научиш да го користиш тој извор, тогаш навистина ќе ги победиш животните маки.

Погрешно е да мислиш дека кога ќе завршиш училиште никогаш повеќе нема да мораш да учиш нешто ново.

Твоите очи не можат да бидат убави ако не си заплакала.

Многу луѓе мислат дека сакаат некои работи, но всушност не поседуваат сила, дисциплина. Верувам дека го добиваш тоа што го сакаш само ако навистина доволно силно го посакуваш. 

Мислам дека заводливоста доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што или го имаш или го немаш и навистина нема никаква врска со градите, нозете или испакнатите усни.