10 животни лекции на Софија Лорен што секоја жена мора да ги знае

Софија Лорен е една од најголемите легенди во историјатана филмот. Зад неа стои успешна кариера, но и богат живот кој ја научил на многу лекции. Секоја лекција била неизмерно важна, а италијанската дива ги споделила најважните 10!

  1. Сексапилот е 50% она што го поседуваш и 50% она што луѓето мислат дека го поседуваш.

  2. Мораш да уживаш во животот. Секогаш биди опкружена со луѓе кои ти се допаѓаат и со кои можеш убаво да разговараш. Постојат толку убави работи за кои треба да размислуваме.

  3. Фустанот треба да биде како ограда од бодликава жица – да ѝ ја исполни целта, без да се оттргнат погледите.

  4. По сите овие години, сe’ уште сум во процес на самооткривање. Подобро е да го истражуваш животот и да правиш грешки отколку да играш на сигурно. Грешките се дел од долговите кои една личност ги плаќа за да води богат живот. 

  5. Мајката секогаш треба да мисли двапати. Еднаш за себе и еднаш за своето дете.

  6. Постои фонтаната на младоста. Тоа е твојот ум, твоите таленти, креативност која ја внесуваш во твојот живот и во животите на луѓето кои ги сакаш.

  7. Погрешно е да мислиш дека кога еднаш ќе излезеш од училиште дека не треба повеќе да учиш нешто ново.

  8. Твоите очи не можат да бидат убави ако не си заплакала.

  9. Многумина луѓе мислат дека сакаат работи, но не поседуваат сила и дисциплина. Верувам дека го добиваш она што го сакаш, само ако тоа доволно силно го посакуваш.

  10. Мислам дека заводливоста доаѓа одвнатре. Тоа е нешто што го имаш или го немаш и навистина нема врска со градите, нозете или напрчените усни.