10 реченици кои имаат моќ да ви го променат животот!

Моќта на зборовите и на речениците е огромна. Една реченица може да уништи нечиј живот, некому да го разубави денот или да му го промени расположението. За среќа, постојат и реченици кои ни даваат моќ да продолжиме понатаму.

Денес избравме токму такви реченици кои доколку ги прифатите како ваше мото, имаат моќ да го променат вашиот живот на подобро.

1. Луѓето не се против вас, тие се за себе.
2. Не ги качувајте планините за да може светот да ве види вас, туку за да можете вие да го видите светот.
3. Повеќе учиш од неуспехот отколку од успехот. Не дозволувај да те сопре. Неуспехот го гради карактерот.
4. Најопасниот ризик од сите: Ризикот да го потрошиш животот работејќи го тоа што не го сакаш под претпоставката дека подоцна ќе можеш да си ја купиш слободата.
5.  Оди таму каде што те слават, а не онаму каде што те толерираат.
6. Личноста со која ќе го поминеш најголемиот дел од животот си самиот ти, па затоа обиди се да се направиш себеси што е можно поинтересна личност.
7. Ако ги прифатиш сопствените ограничувања, можеш да одиш над нив.
8. Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Па и капењето не трае... затоа и препорачуваме да го правиме тоа секој ден.
9. Секој човек што ќе го сретнеш се плаши од нешто, љуби нешто и изгубил нешто во животот.
10. Удобноста е непријател на постигнувањата.