10 работи кои оваа есен треба да ги направите со вашата најдобра другарка!

Животот никогаш не е целосен доколку немате најдобра другарка. Секое годишно време си носи со себе можности за прекрасни спомени со најдобрата другарка, па така и оваа есен не е ништо поразлична од останатите годишни времиња.

Еве од нас неколку предлози за интересни активности со вашата најдобра другарка:

  1. Кафе со цимет. Уживајте во прекрасниот мирис и вкус на циметот и кафето додека си ги споделувате најновите вести за симпатиите, дечковците и останатите новости.
  2. Доколку сте сингл, зачинете си го малку животот и подгответе се за нови есенски флертувања, бидете си поддршка една на друга, можеби така и двете ќе си ги пронајдете сродните души.
  3. Но, ако веќе сте во љубов, не ни помислувајте да се заборавите една со друга. Многу другарки се забораваат кога ќе си најдат дечко, не дозволувајте и вам да ви се случи тоа!
  4. Направете планови да одите некаде заедно на викенд надвор од државата!
  5. И двете закажете кај вашиот омилен фризер и променете ги вашите фризури! Есента е совршено време за промени на косата.
  6. Ова е совршено време и за шопинг и обнова на шминката! Нови маски, сенки, кармини... тоа значи забава!
  7. Извадете ги џемперите и наместете се пред лап-топот и гледајте серии без престан!
  8. Една вечер соберете се кај некого дома и испробајте ги вашите готвачки способности. Нови рецепти, печете тиква, испробајте нови салати и уживајте.
  9. Есента е време на меланхолија, така што внимавајте една на друга и кревајте си го расположението. Тоа е многу важно! Другарките не им дозволуваат на своите другарки да паѓаат во дух.
  10. Секое годишно време е одлично време да го славите вашето пријателство на различни начини!

nike air max 1 sale