10 причини зошто на сите ни е потребна жената родена во знакот Риби

Жените родени во овој знак се чувствителни личности кои се нежни и стабилни. 

Ова се 10 причини зошто ги сакаме жените родени во знакот Риби.

Тие се одлични пријатели

Жените родени во овој знак се стабилни и лојални. Тие немаат голем круг на пријатели, туку се посветени на оние кои им се најблиски. Ним можете да им се јавите додека сте во криза и ќе ви помогнат да се чувствувате подобро што и да ви се случува во животот.

Имаат високо ниво на емоционална интелигенција

Рибите не сакаат непотребна драма или конфликти. Ќе се трудат да ве разберат зошто се однесувате така и од каде доаѓа вашиот бес, но нема да дозволат тоа да се прелие и да премине во голем конфликт од кој не можете да се вратите назад. 

Тие имаат најдобар вкус за музика

Сакаат музика со моќни текстови и мелодии кои можат да ја разбудат нивната чувствителна страна. Некои од најпознатите музичари се родени во овој знак.

Не се натпреваруваат со никого

Тие го живеат својот живот за себе и се задоволуваат со мали животни задоволства. Што и да направат, го прават тоа за себе, а не да ги импресионираат или победат другите. Не им е потребно никаде да бидат центарот на вниманието и нема да направат драма кога нешто не е по нивно.

Емотивни се

Кога ќе им кажете како се чувствувате, никогаш нема да ви кажат дека тоа не е валидно. Дури и кога се лути, никогаш нема да ве навредат и секогаш ќе ги имаат предвид вашите чувства. Поради тоа, никогаш нема да си дозволат да ве повредат, барем не намерно.

Родени уметници

Жените родени во овој знак имаат уметничка душа. Тие се сликари, поети, моќни писатели. Тие имаат неверојатна дарба да го пренесат тоа што го чувствуваат и се неверојатно умешни што и да изберат.

Сакаат да сакаат

Жените Риби ја сакаат љубовта. Тие сакаат да ви покажат колку им значите, но и обожаваат да се сакани. Додека другите знаци се соочуваат со страв и вкочанетост како да ја покажат љубовта, Рибите немаат таков проблем. Тие се отворени и искрени.

Имаат силна интуиција

Жената родена во овој знак може да ве процени веднаш штом ќе ве сретне. Таа длабоко ја чувствува енергијата на луѓето околу себе и така и се поставува кон другите.

Одлични во љубовта

Тие се карактеризираат со огромна страст и чувствителност што им помага да бидат одлични во љубовта и сексот. Сакаат да ги исполнат желбите на другата страна и тоа ги прави неверојатно среќни.

Имаат неверојатна страст за животот

Најголемата грешка што можете да ја направите за овие жени е да претпоставите дека се мрзеливи и пасивни. Тие не грабаат по работите и луѓето на сила, туку нежно пристапуваат кон она што го сакаат. Тие се тивки и не им е потребна публика доколку сакаат да добијат нешто.

Не се себични

Тие се најнесебичните луѓе кои ќе ги запознаете било кога. Секогаш ќе бидат тука за вас, особено ако ве сакаат или имаат добро мислење за вас. Тие сакаат да ги видат другите среќни и успешни и секогаш се тука да им помогнат во тоа.