10 најлоши додворувања кои никогаш не палат кај жените

Кога некој ќе ни се допадне, постои одреден притисок првата реченица што ќе ја изговориме да биде совршена. Запознавањето некој нов со себе носи барем мала доза страв од одбивање, а потоа, во такви моменти знаат да бидат изговорени неверојатни работи.

Можеби некои од овие излишни реченици можат да излезат смешни и симпатични, но за некои навистина треба да постои строга забрана. За сите жени кои се нашле во слична ситуација и сакаат малку да се насмеат, собравме неколку бисери кои воедно се и најлошите додворувања досега.

Извини, ти испадна ливченце! Ох, тоа е само целофанчето во кое си била замотана, бонбонче.

Маче, сакаш да поминеш некој од твоите девет животи со мене?

Еј маче, да се запознаеме, јас сум Whiskas.

Не сум пијан, туку твојата убавина ме зашемети.

Извини, може ли да ми го позајмиш мобилниот? Мајка ми ми рече да и се јавам кога ќе ја пронајдам жената на својот живот.

Да може изгледот да убие, ти би била оружје за масовно уништување.

Дали татко ти е вајар? Совршено си градена.

Ќе сакаш ли, те молам, да ми нарачаш едно кафе, јако како мене и слатко како тебе?

Имаш ли, можеби, карта? Постојано се губам во твоите очи.

Дали татко ти е крадец? Не е? Па тогаш, кој ги украде ѕвездите и ги стави во твоите очи?