Целовечерен концерт на неколку реномирани имиња, изведувачи на македонска етно и народна музика ќе се одржи на 19 декември во салата “Фросина“ при Младинскиот културен центар – Скопје.
Ќе настапат Ансамбл “Билјана“, Нино Величковски, Наум Петрески и Миле Кузмановски како специјален гостин на вечерта, Нино, Наум и Миле ќе ни ја донесат македонската староградска музика и ќе ни покажат како звучело Скопје во минатото.
Почетокот на концертот е во 20 часот а цената на билетите во 250 денари.