Зошто треба да трошиме пари на искуства, а не на материјални нешта?

Кога работите напорно секој ден и ви остануваат малку пари откако ќе ги покриете основните трошоци, треба да се потрудите добро да го потрошите остатокот. Науката има одговор што е најдоброто решение.

Истражувањето кое е спроведувано во текот на изминатите 20 години од страна на др. Томас Гилович, професор по психологија на Универзитетот Корнел, покажува дека не треба да ги трошиме нашите пари купувајќи нешта. Проблемот со тоа е што среќата е моментална и таа брзо исчезнува. Според др. Гилович, постојат три важни причини за тоа.

Се навикнуваме на нови предмети – брзо се навикнуваме на тоа што не сме го имале и брзо посакуваме нешто ново и поинакво.

Постојано ја поместуваме границата – секое ново купување води до нови очекувања.  Штом се навикнеме на нешто ново, тогаш веднаш почнуваме да посакуваме нешто ново, и нешто подобро.

Поседувањето доведува до споредби – поседувањето материјални нешта предизвикува споредби. Купуваме нов автомобил и потоа сакаме нов и поубав, бидејќи нашите пријатели веќе купиле подобар од нашиот. Кога станува збор за материјалните нешта, секогаш постои нешто што е подобро од тоа што го имаме.

Еден од најголемите пријатели на среќата е адаптацијата. Купуваме нешта за да не направат среќни и успеваме во тоа. Но, тоа трае кратко. Новите нешта се интересни на почеток, но потоа се приспособуваме на нив.

Парадоксот на ова е тоа што претпоставуваме дека среќата од тоа што го купуваме ќе трае додека трае и самото нешто. Но, тоа е импулсивно и погрешно.