Зошто толку убава девојка како тебе е сама?

„Зошто толку убава девојка како тебе е сама?“

Овој омразен полу-комплимент секојпат ми ја крева косата на глава! Прво, каде ја гледате поврзаноста меѓу убавината и љубовниот статус? И второ, не можам никако да сфатам, дали тоа што не сум во врска значи дека мора нешто да не е во ред со мене?

Сама сум, затоа што не постои причина да не бидам сама. Па замислете, немам силна потреба да имам дечко, а тоа ни потребата да бидам во брак. И не е поентата во тоа дека јас сум некоја фанатична феминистка. Се работи за токму спротивното – премногу сум наивна. 

Така некако се случи, јас верувам во љубов и искрена врска. И додека таа верба живее во мене, нема да се помирам со ништо помалку од тоа. Можете со часови да ми држите предавања на оваа тема. Можете да ме убедувате дека сум старомодна, глупава и дека живеам во свет на фантазија. Но, јас попрво би избрала самотија отколку тие глупости кои ми ги продавате. 

Никогаш нема да ги сфатам жените кои не чувствуваат потреба за маж, туку за присутност на маж во животот. Или очајнички се обидуваат да се омажат, затоа што ете „дошло времето“, а каква ли може да биде староста?

Можеби јас нешто не разбирам, но според мене, потребата за блискост, интимност, брак, особено за деца е нешто што една жена може да го почувствува само со вистинскиот маж. А не затоа што ми се јавил некаков инстинкт или одеднаш ми текнало дека „дошло времето“. 

И така многу жени брзаат да се омажат само колку да се омажат и потоа на крај излегува дека сепак тоа не било тоа што таа го сакале. И после тоа неизбежно следуваат солзи, плачење и развод. Не, благодарам, чувајте си го тоа за себе. Јас имам поинаква цел, затоа што сакам да љубам и да бидам љубена. Тоа е тоа – ни помалку, ни повеќе.

Сакам да бидам покрај саканиот човек не затоа што така треба да биде, туку затоа што тоа е баш тој кој ми е драг. Сакам мојата врска и љубов да трае до крајот на животот. Сакам да бидам верна и достојна жена. Не сакам само да зачнам дете, туку и да му подарам живот, љубов и внимание. И сакам да бидам добра мајка. Сакам да ја изградам својата судбина без наоколу да гледам и да живеам според чувствата и разумот. 

Општеството може да наметнува што сака, но ние самите одлучуваме што ќе правиме со тоа. И јас сум уверена дека има уште луѓе кои размислуваат како мене. Не знам уште колку пати ќе се изгорам пред да ја најдам својата среќа. Но, дури и ако не ја сретнам љубовта на мојот живот, јас ќе останам искрена кон себеси и нема непотребно да се трошам. 

Едноставно ќе бидам „убава и сама“.