Зошто секој дом треба да ги користи системите за соларна енергија

Над 20% пониски сметки за струја по вградувањето на сончевите колектори.

Намалувањето на цената на електрична енергија според корисниците е главниот мотив за зголемениот интерес.

Поради континуираниот раст цената на струјата, граѓаните се сè повеќе заинтересирани за користење на системи за соларна енергија.

Велат со користењето на колектор, високите сметки им се намалиле.

Со поставување соларен колектор во домот едно домаќинство годишно може да заштеди 2.400 киловат/часови струја, односно 8.400 денари. Ако сите 600.000 домаќинства во Македонија инсталираат соларен термален колектор годишно ќе се заштедат 144.000 мегатавт/часови струја, односно 82 милиони евра.

Владата и оваа година ќе дава субвенции за домаќинставата кои на својот покрив ќе постават сончеви колектори за затоплување вода.