Зошто родените во Септември се толку посебни?

Секој од нас е посебна личност со свои маани и предности. Меѓутоа, родените во септември се навистина посебни личности.

Се запишуваат во врвни училишта

Според истражувањата, луѓето кои се родени во текот на септември најбрзо се развиваат во однос на нивното образование. Тие ги посетуваат најдобрите факултети и се навистина посветени на унапредување на нивното образование.

Се раѓаат како мали бебиња

Најчесто се раѓаат со мала тежина, споредено со децата родени во другите месеци.

Го сакаат спортот

Родените во септември се спортски типови. Тие вообичаено имаат силни физички предиспозиции за да се занимаваат со спорт и меѓу нив има највеќе врвни спортисти.

Долговечни

Тие се личности кои често живеат и преку 100 години. Тоа го потврдува истражувањето спроведено од страна на универзитетот во Чикаго во кој биле вклучени околу 1500 стогодишници. Една од причините за тоа е бидејќи веднаш по раѓањето се изложени на разни сезонски инфекции кои го јакнат имунитетот.