Зошто мажите исчезнуваат откако ќе имаат секс со девојките?

Откако бркањето завршува, тој исчезнува. Сега што?

Тој ве бркал со недели, понекогаш и месеци и сега го снемува? Зошто мажите прават се за да бидат со некоја девојка, а потоа исчезнуваат? 

Во продолжение ви нудиме три можни одговори за тоа што престанал да се јавува откако имал секс со вас:

1. Се работи за хемија

По сексот, нивото на окситоцин се зголемува, додека пак блискоста и гушкањето го намалуваат тестостеронот кај мажите. Тој несвесно сака да направи нешто продуктивно со себе за да го зголеми нивото на тестостерон.

2. Се чувствува виновен

Кога мажот пребрзо ќе има секс со вас, тој се чувствува виновен и сака да побегне од местото на злосторот. Тој знае дека ве искористил и сега сака да избега од вас, затоа што вие сте му го дозволиле тоа. Да, звучи лудо, но тој ве обвинува вас, а тоа не’ води до третата причина...

3. Давате премногу

Мажите не се заљубуваат кога добиваат, тие се заљубуваат кога даваат.

Тие се заљубуваат пред сексот, не потоа. Ако тој мисли дека тој го заслужил правото да биде со вас со тоа што ве освоил преку труд и додворување, тој ќе остане со вас.