Зошто љубовта нѐ плаши толку?

Кога бевме тинејџери, се чувствувавме како да сме бестрашни. Немавме правиле за успех, бевме постојано среќни и љубовта беше најубавото нешто за нас. Но, денес навистина се плашиме од љубовта и наместо да го послушаме срцето, постојано се трудиме да го послушаме, но и следиме нашиот разум. Тој ни помогна да изградиме ѕидови околу себе и да изградиме своја безбедна зона, за да не нѐ повредат другите луѓе. Знаеме кои сме, понекогаш знаеме што сакаме, но највеќе од сѐ знаеме дека не сакаме да дозволиме да бидеме повредени.

Кога ќе се појави личност која е интересна, која нѐ цени и нѐ сака, се чувствуваме како животот да ни дава мал подарок во кој треба да уживаме. И, навистина уживаме. Но, порано или подоцна работите тргнуваат на лошо и сфаќаме дека другата личност само сака да не повреди, дека сме дел од некоја игра која никогаш не сме ни сакале да ја играме.

Си велиме дека не сме го побарале тоа и не го заслужуваме тоа. На тој начин се обидуваме да се ослободиме од болката и од разочарувањето кое ни се случило. Имаме измешани чувства и не знаеме што да правиме следно. Само знаеме дека не сме подготвени за тоа што ни се случува и веќе никогаш не сакаме да бидеме вака повредени. Стануваме огорчени и се сожалуваме себеси, мислејќи дека ова навистина не го заслужуваме.

Љубовта е навистина чудна. Таа не тера да чувствуваме работи кои не ги разбираме. Но, таа во нас ги буди и најдобрите и најлошите чувства  и не разбираме зошто. Штом  е убава, го сакаме најдоброто од неа, ја сакаме постојано. Но, кога не е толку убава, сакаме да не постои, да избегаме од нејзе далеку. Но, факт е дека таа не обзема целите.  Токму затоа и се плашиме толку од неа.

nike air max 1 sale