Зошто го обожувам Garage Sale?

Сите уживаме кога одиме во шопинг, без разлика дали под тоа подразбирате купување облека, чевли, храна или бела техника. Едноставно, станува возбудливо кога ќе треба да најдеме нешто што ќе ни се допаѓа и ќе ни го разубави денот или затоа што ќе одиме да купиме нешто што веќе подолго време е на листа на желби.

Сите сакаме ниски цени и сите го сакаме Рамстор Мол затоа што веќе 7ми пат ни овозможува да уживаме во шопинг по ниски цени на екстремно високи температури. Во разговор со наши верни купувачи издвоивме 5 причини зошто тие го обожаваат Garage Sale.

1. Заштеда на пари првата причина зошто сите го обожаваат Garage Sale, и сосема разбирливо. Размислете за висината на средствата што треба да го потрошите за облека во текот на годината и замислете што се можете да купите до 70%. Не само што ќе се го освежите вашиот гардеробер, туку и ќе имате доволно заштедено пари за викенд прошетка која ќе биде совршена да се прошетате во вашите нови парчиња облека или аксесоари.

2. За време на Garage Sale помалку значи повеќе, со ист буџет наместо три парчиња ќе можете да купите шест или можеби седум парчиња квалитетна облека. Кога планирате да купите нешто, секогаш е од суштинско значење да знаете колку од вашите приходи сакате да издвоите и да потрошите. Попустите на Garage Sale се одлична прилика за претпазливите купувачи, бидејќи конечно можат да си дозволат да купат повеќе со ист буџет. Едноставно, кога сте во Рамстор Мол на Garage Sale Вие не се загрижени за вашите пари и купувате опуштено.

3. Garage Sale е одлична прилика за купување подарок. Понудите кои се веќе по ниски цени или акциите “Купи 2, земи 3“ се совршени за купување повеќе подароци за престојните родендени, прослави, па дури и подароци без причина.

4. Garage Sale акцијата исто така ќе ви помогне да се подготвите не само за наредната сезона туку и за наредното лето. Не постои правило дека работите што ќе ги купите ќе мора да ги облечете во наредните шест месеци, па затоа купете се што ви е потребно по ниски цени. Исто така попустите се совршени за купување долна облека, чорапи и еднобојни, квалитетни парчиња кои ќе можете да ги носите секоја сезона.

5. Конечно со Garage Sale можете да купите одлични квалитетни парчиња по пристапни цени. Доколку многу време размислувавте како да одвоите пари за квалитетно парче облека кое го сакате во вашиот гардеробер, сега е совршено време за тоа.

Без разлика што е на вашата листа на купување, Garage Sale е одлична прилика за секој кој сака добра забава, ниски цени и релаксиран шопинг, така што до 23ти август сите патишта водат до Рамстор Мол.